Родениот битолчанец Миљан Миљаниќ, една од легендите на југословенскиот фудбал, дел од подготoвките на фудбалската репрезентација на Југославија за СП 1982 година во Шпанија ги спореведе во Охрид. Охриѓани се сеќаваат оти тренизите на “плавите“ биле едни од најпосетувани во тој период. Голманот Пантелиќ, Велимир Заец, браќата Златко и Зоран Вујовиќ, Сафет Сушиќ, Милош Шестиќ, Вахад Халихоџиќ, Ивица Шурјак беа дел од селекцијата која се подготвуваше во Охрид.


Селекцијата на Југославија предводена од Миљаниќ, не помина добро на светскиот самит. “Плавите“ беа елиминирани во групната фаза по контроверзниот меч со Шпанија.

М.П.