Милано и Коритна Д’Ампецо ќе бидат домаќини на Зимските олимписки игри во 2026 година, одлучи Интернационалниот олимписки комитет (ИОК).

Во последната рунда од гласањето ИОК решаваше помеѓу заедничката кандидатура на Милано и Коритна, односно Стокхолм. Од трката претходно испаднаа Сион (Швајцарија), Сапоро (Јапонија), Грац (Австрија) и Калгари (Канада).

Италијанската кандидатура на крајот имаше 47 гласа, односно 13 повеќе од кандидатурата на Стокхолм. Зимските олимписки игри во 2026 година ќе се одржат од 6 до 22 февруари.

OhridNews