Скопските ривали Работнички К. и Македонија ЃП ќе се сретнат во полуфиналето на македонскиот национален фудбалски куп.

Во вториот полуфинален меч ќе играат екипите на Милано (Куманово) и Нов Милениум (Сушица).

Работнички и Милано се домаќини на првите средби кои на програмата  се на 9 април, додека реваш средбите ќе се одиграат на 7 мај.

Финалето на купот се игра на 24 мај денот на “Св. Кирил и Методи“ на Градскиот стадион во Скопје.

Минатата сезона екипата на Вардар го освои трофејот совладувајки ја Прилепска Победа во финалето со 2-1.

Само за потсетување екипата на Илинден од Велмеј обезбеди пласман во 1/4 финалето на купот, но се откажа од натпреварувањето по што нивниот противник Нов Милениум со службен резултат се најде во најдобрите четири.

Од четирите полуфиналисти, само екипата на Македонија ЃП има една куп-титула во клупските витрини освоена во сезоната 2005/06.