Милчин обвини дека против него се води политички линч
25.07.11 15:48
Професорот на факултетот за драмски уметности и директор на Фондацијата Институт отворено општество Владимир Милчин, кого комисијата за лустрацијата минатата недела го прогласи за кодош, целата процедура ја оквалификува како политички линч против него. Притоа Милчин обвини дека крајната мета била неговата фондација, која се борела за слободата и демократијата.
Милчин тврди дека бил следен од службите во поранешна Југославија, а не дека соработувал со нив. Тој рече дека во 2000 година, од тогашната министерка за внатрешни Доста Димовска добил известување дека постои досие за него на 217 страници. Од шалтерот на институциите Милчин го подигнал оваа досие, кое според него, било досие на жртва и побарал до 2047 година, кога тој би имал 100 години, ова досие да остане тајна.
Милчин исто така ја побарал и листата на лицата кои што го следеле, но меѓу нив недостасувало едно лице, за кое што бил сигурен дека го има следено.
Според него службите почнале да го следат во 1977, поради неговите анархолибералистички позиции, односно критичката настроеност кон власта. Тој вели дека бил следен со посебни мерки, биле прислушувани неговите разговори со неговите покојни родители, а била отворана и неговата пошта.
Најавувајќи дека целата содржина на досието ќе ја стави на интернет, Милчин истакна дека комисијата за лустрација ја крши процедурата, со тоа што предвреме му лепи етикета и со тоа што процесот на лустрација го води претседател чиј мандат е истечен.
Вокално-инструменталниот состав ВИС „Билјана“ ќе го одржи својот традиционален годишен концерт вечерва во предворјето на катедралната црква „Света Софија“ со почеток во 20:00 часот Ова година по пе...
На 06092026 во 15:15 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во периодот од 04 до 06092026 година, со употреба на алат и физичка сила, скршена е влезната врата во црквата „СвНикола“ во охридското село...
Водостојот на Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,47 метри надморска височина, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) Тој е 13 сантиметри над просекот за с...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.