На вчерашната седница, Миле Бошњаковски е именуван за портпарол на Владата и донесени се повеќе други кадровски решенија.

-Во интерес на транспарентно и навремено известување за активностите на Владата на Република Македонија, на денешната владина седница беше одлучено Миле Бошњаковски да ја извршува функцијата портпарол на Владата на Р.Македонија. Беше заклучено дека огромното искуство и професионалниот капацитет што Бошњаковски ги поседува во областа на комуникациите, е цврста гаранција за понатамошното транспарентно, навремено и отчетно информирање на граѓаните за активностите на Владата на Република Македонија. – соопшти владината прес служба.

Како можен канддат за оваа функција претходно беше спомнувана нонинарката Јасмина Аневска.

OhridNews