Милениум стадионот во Кардиф, Велс е најголем фаворит за организиратор на финалето во Лигата на Шампиони за сезоната 2016/17.


На најголемиот стадион во Велс имаат педигре за организирање на натпревари од значителен карактер. Од 2001 до 2006 година финалето од ФА купот се играше на Милениум стадионот, а и бараж мечевите за влез во Премиер лигата.

Стадионот со капацитет од 75 000 гледачи 2012 година беше дел од Олимписката програмата каде се одигруваа натпревари во фудбал.

Во 2014 година Кардиф беше домаќин на Супер купот во Европа каде се сретнаа победниците од Лигата на Шампиони и Лигата на Европа, Реал Мадрид односно Севиља.

Конечната одлука околу домаќинот УЕФА ќе ја соопшти на 29 јуни во чешката престолнина Прага.

Финалето од престојната сезона ќе се одигра на Сан Сиро, а домаќин ќе биде екипата на Милан, која седум пати се има радувано на највредниот клупски трофеј во Европа.

Мх.П.