Баерн Минхен пред своите гледачи со убедливи 5-1 го совлада составот на Борусија Дортмунд и ја потврди класата во Бундес лигата.


Творци на осмата победа сезонава за „баварците“ беше двоецот Томас Милер и Роберт Левандовски кои искомбинираа четири голови.

Милер ги постигна првите два, а Полјакот кој брилира на последните мечеви зголеми со третиот и четвртиот зголеми на 4-1.

 
Точка на победата стави Марио Геце со петтио погодок за „баварците“. Почесниот гол за „милионерите“ беше дело на Пјер Емерик Аубемајнг.


Резултати : Шалке – Келн 0-3, Леверкузен – Аугзбург 1-1, Баерн Минхен – Б. Дортмунд 5-1.

Мх.П.