Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски е оптимист пред претстојните дуелите со Украина и Ерменија.

Веќе влегуваме во завршницата и сите натпревари се клучни. Само победа ни одговара и нам, но и на Украина за да се најдеме во оптимална ситуација пред ноемвриските дуели. Очекувам отворен натпревар, бидејќи нема да се игра на реми. По ова ни следуваат дуелите со Италија и Англија, па ќе видиме. Анализиран е првиот натпревар со Украинците, особено тие завршни 30 минути. Воочени се аномалиите и позитивните работи. Во функција на тоа што планираме е и списокот. Ќе мора многу работи да поправиме од првиот меѓусебен меч. Сакаме да победиме, работиме само за таков исход, без разлика против кој ривал играме. Атмосферата по септемвриските натпревари е подобра. Момците пред тие два меча донесоа позитивна атмосфера, изјави Милевски.

„Црвено-жолтите“ на 14 октомври ќе играат со Украина во Прага во квалификацискиот натпревар за ЕП 2024, а три дена подоцна во Струмица ќе се соочат со Ерменија во пријателски натпревар.

OhridNews