
Инаку, до крајот на годината се предвидува отворање на уште една народна кујна, а за 2013-та предвидени се уште четири нови. Социјално загрозените лица од понеделник до петок, во рамките на овие објекти добиваат топол оброк, а за викендите им се даваат пакети со ладни оброци.












