По поразот од Ајнтрахт Франкфурт 2-0 Европскиот вицепрвак од 2013 година Борусија Дортмунд ги минува можеби најтешките денови во Бундес лигата.


„Милионерите“ со 11 бодови се најдоа на последната позиција од табелата што не е само реткост туку беше и невозможно се до 13-та рунда од германската лига.


По 13 одиграни натпревари избраниците на Јирген Клоп имаат претрпено осум порази, а само три пати се имаат радувано на победа.

Во вториот натпревар од неделната програма победа славеше Волфзбург 1-0 над Борусија Менхенгладбах на домашен терен.

Мх.П.