Борусија Дортмунд успеа да ги претрча Барселона и Баерн Минхен и во своите редови да го доведе фудбалерот на Рен, Осман Дембеле.
Тој е еден од најталентираните и најнадежните фудбалери во францускиот шампионат, а „милионерите“ за неговите услуги на Рен му платија 15 милиони евра.
Сезонава во францускиот шампионат младиот фудбалер има постигнато 12 погодоци, но тимската игра го краси сега веќе новиот фудбалер на „милионерите“.
Дембеле шест месеци бил следен од скаутите од германскиот клуб пред да се одлучат да го доведат во своите редови.
OhridNews