Тимот на Борусија Дортмунд со триумфот над Аугзбург 3-1 во 27-та рунда го продолжи походот кон лидерот во Бундес лигата, Баерн Минхен.
По комплетирањето на 27-то коло разликата на табелата остана иста, пет бодови, што ветува битка до крајот за титулата.
„Милионерите“ до трите бодови стигнаа со пресврт откако домаќините поведоа со 1-0 во 16-та минута. Микхтиријан го изедначи резултатот, Гонзало Кастро го сврте комплетно, а печат на победата стави Адриан Рамос.
Резултати: Штутгард – Леверкузен 0-2, Аугзбург – Борусија Дортмунд 1-3.
Табела: Баерн Минхен 69, Дортмунд 65, Херта 48, Шалке 44, Менхенгладбах 42..
OhridNews











