Фудбалерите на Борусија Дортмунд одново ги разочараа своите навивачи, ремизирајќи (1-1) на домашен терен со тимот на Аугзбург во 16-та рунда од Бундес лигата.
„Милионерите“ најдоа начин само да изедначат, не и да победат во последниот натпревар на „Вестфален“ за годинава.
Гостите, после половина час поведоа со 1-0 со голот на Дон Вонг Жи. По само две минути игра во вториот дел домаќините изедначија преку Осман Дембеле, но тоа беше се што направија во натпреварот.
Резултати: Борусија Дортмунд – Аугзбург 1-1, Менхенгладбах – Волфзбург 1-2, Ајнтрахт Франкфурт – Мајнц 3-0, Хамбургер – Шалке 2-0.
OhridNews