Тимот на Борусија Дортмунд е првиот патник во финалето во Купот на Германија  елиминирајќи го Баерн Минхен на Алијанц Арената.


Во полуфиналето „милионерите“ беа подобри од „баварците“ по изведување не пеналите (2-0) откако регуларниот дел и продолжението од натпреварот заврши 1-1.


Фудбалерите на Баерн Минхен не успеаја да реализираат ниту еден пенал од четирите обиди, а гостите од Дортмунд погодија два од трите и се пласираа во финалето.

Противник на „милионерите“ во финалето ќе биде победникот од вториот полуфинален натпревар меѓу Арминија Билифилд – Волфзбург.

Мх.П.