Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд го официјализираше враќањето на Марио Геце на Вестфален по три години поминати во минхенски Баерн.


„Златното момче“ како што го нарекуваат Геце поради погодокот за Германија во финалето од Мундијалот 2014 годиан се враќа во старото јато откако имаше неуспешна авантура на Алијанц Арената.

– Од моментот кога замина во Баерн, во 2013-та, се надевав дека еден ден ќе се врати. Многу сум среќен што ова се случи. – рече првиот човек на „милионерите“ Ханс-Јоаким Вацке.

Враќањето на Геце е само половина од задачата бидејќи „милионерите“ го посакуваат и Анде Шурле од Волфзбург за кој ќе треба да платат околу 20 милиони евра.

OhridNews