Голгетерот на „милионерите“, Пјер Омерик Аубамејанг иако се поврзува со неколку клубови, од нив никој до сега не испратил официјална понуда до клубот од „Вестфален“ стадионот.
Борусија Дортмунд уште недела дена ќе дозволи преговори за услугите на Габонецот, бидејќи после тоа влегуваат во финалните подготовки за почетокот на сезоната и не се препорачливи трансфери на клучните играчи.
– Разговаравме со Аубамејанг и му реков дека може да оди ако клубот заинтересиран ги подмири нашите и неговите барања. До сега ништо официјално не пристигнало на наша адреса за Аубемајанг, иначе цената за него е 80 милиони евра. Има уште една недела простор за трансфер на Аубемајнг, потоа не доаѓа до обзир негово заминување. – рече Ханс Јоаким Вацке.
Габонецот во Дортмунд пристигна од Сент Етјен, а претходно ги бранеше боите на Милан, Дижон, Монако и Лил.
OhridNews