Борусија Дортмунд го назначи Питер Бош за нов тренер на екипата. Тренерското столче остана празно после отказот за Томаш Тухел по завршување на сезоната.

Бош на клупата од „милионерите“ доаѓа од тимот на Ајакс, кој успеа да го внесе во финалето во Лигата на Европа и за момент да го врати на старите европски патеки.

Тухел, пак, отказ доби по несогласувањето со управата на клубот иако сезоната ја заврши со трофејот од Купот на Германија.

Новиот тренер како и претходните ќе има иста задача, да му се спротистави на Баерн Минхен во Германија и што подалеку да стигне во Лигата на Шампиони.

OhridNews