Управата на Борусија Дортмунд нема намера да ја повтори грешката со Роберт Левандовски и во летниот преодон рок ќе го продадат капитенот Мет Хумелс.
Полскиот репрезентативец од Дортмунд во Баерн Минхен се пресели без обештутвање иако неговата вредност се проценуваше 25 милиони евра.
Ако дефанзивецот не потпише нов договор следната сезона ќе биде последна можност за „милионерите“ добро да заработат од неговата продажба бидејќи уште две години има од актуелниот договор.
– За сега само се пишува и зборува, а конкретна понуда за нашиот фудбалер нема. Ако дојде прво ќе ја разгледаме ние, па ќе разговараме со фудбалерот и заедно ќе одлучиме. – рече првиот човек на клубот Вацке.
Најзагреан за услугите на германскиот репрезентативец е Манчестер Јунајтед, кој е подготвен да плати 40 милиони евра.
Мх.П.