Екипата на Борусија Дортмунд како гостин со 2-0 го совлада тимот на Мајнц во првиот натпревар од деветтата рунда во Бундес лигата.


„Милионерите“ на победа се израдуваа по пауза од три натпревари во кои претрпеа еден пораз и два пати ремизираа.

Гостите мрежата на домаќинот ја погодија по еднаш во двете полувремиња. Во првото прецизен беше Марко Ројс додека во второто Хенрик Михтарјан. 


Со трумфот „црно жолтите“ му се доближија на четири бодови од лидерот Баерн Минхен кој има натпревар помалку.

Мх.П.