Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд го совлада англискиот првак Манчестер Сити со минимални 1-0 на почетокот на еден од најквалитетни турнири „Куп на шампиони“, кој се игра во американскиот град, Чикаго.

Творец на победата на „милионерите“ беше Марио Геце. Германецот прецизно погоди од белата точка. Двете екипи првиот контролен натпревар го одиграа со подмладени состави поради одморот, кои, го имаат фудбалерите после завршување на Мундијалот.

Во текот на денешниот ден силите на турнирот ќе ги одмерат Баерн Минхен – Пари Сент Жермен, а од утре ќе се приклучи и англискиот состав Ливерпул.

OhridNews