Фудбалерите на Борусија Дортмунд осамени се на врвот на табелата во Бундес лигата по комплетирањето на петтата рунда. „Милионерите“ целиот плен го освоија на гостувањето во Хамбург победувајќи го домашниот состав со убедливи 3-0.

Гостите отпорот на Хамбургер го скршија на средината од првото полувреме со голот на Шинџи Кагава. После еден час игра „милионерите“ зголемија на 2-0 преку Пјер Омерик Обамејанг, а конечните 3-0 ги постави Кристијан Пулишиќ во 80-та минута.

Хановер го загуби чекорот со Дортмунд, откако ремизираше 1-1 на гостувањето кај Фрајбург. 

Резултати: Келн – Ајнтрахт 0-1, Фрајбург – Хановер 1-1, Хамбургер – Борусија Дортмунд 0-3, Херта – Баер Леверкузен 2-1, Мајнц – Хофенхајм 2-3.

Табела: Борусија Дортмунд 13, Баерн Минхен 12, Хановер 11, Аугзбург 10…

OhridNews