Борусија Дортмунд со убедлив триумф над Манчестер Јунајтед (4-1) го започнаа интернациналниот турнир кој се одржува во Кина.


„Милионерите“ демонстираа сила и квалитет против „црвените ѓаволи“ кои на клупата го имаат португалскиот стратег Жозе Мурињо.

Фудбалерите на Дортмунд постигнаа по два голови во двете полувремиња. Кастро погоди во првото и во второто, а Аубемејанг и Дембеле беа по еднаш прецизни за „жолтите“. Почесниот погодок за Јунајтед го постигна Мхитаријан.


Ако не се остварат најавите за одложување втор меч на интернационалниот куп во Кина ќе биде градското дерби меѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

OhridNews