Фудбалерите на Борусија Дортмунд ги започнаа подготовките за продолжението од сезоната, но навивачите немаа причина за радост откако Пјер Ерик Обамајенг не се појави на првиот тренинг на екипата во Новата 2016 година.


Неговиот менаџер проба да ги смири страстите, но неговото отсуството ги доведе до очај „милионерите“ кои скоро секоја сезона ги продаваат своите најдобри играчи.

Интерес за најдобриот стрелец во Бундес лигата со 18 голови покажуваат Арсенал, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Барселона, а неговата цена на трансфер пазарот изнесува 45 милиони евра.

Навивачите на Дортмунд ќе мора да почекаат уште некој ден за конечна разврска околу Обамејанг кога екипата комплетно патува во Дубаи на зимски подготовки.

Ohridnews