Бундеслигашот, Борусија Дортмунд ја одреди финансиската сума за која Пјер Емерик Обамејанг може да го напушти клубот од Вестфален.
Таа ниту помалку ниту повеќе изнесува 80 милиони евра. Информацијата ја потврди првиот човек на „милионерите“, Хенс Јоаким Вацке.
– Не можиме да гарантиме уште колку време ќе остане Обамејанг во Дортмунд, но наша задача е секогаш да бидеме подготвени и да реагираме правилно. Обамејанг беше доведен за замена на Роберт Левандовски кој замина во Баерн Минхен и ги исполна очекувањата. Ние не го продаваме сега Обамејанг, но ако дојде тоа понудата не треба да биде помала од 80 милиони евра. – изјави Вацке.
Интерес за услугите на габонскиот репрезентативец покажуваа Барселона, Реал Мадрид, Манчестер Сити и Пари Сент Жермен.
OhridNews