Македонската кошаркарска репрезентација со биланс од шест порази во шесте меча како последнопласирана ги заврши натпреварите на ЕП Б Дивизија во Оhрид. Селекторот на девојките Лидија Милкова смета дека може и мора да се извлече поука од овие порази.


ислам дека лично за нашата репрезентација беше многу добра лекција, и тоа  за секој поединиец, од  тренери до кошаркари.  Научивме многу за еден месец, многу работи кои ни фалат нас како тренери и на девојчињата како играчи. Се надевам дека позитивни работи ќе се извлечат овие прази и ќе се работи понапорно во текот на целата година, бидејќи се виде дека неработењето во останатите 11 месеци и неподготвеноста беа главните причини за поразите. Физички бевме тотално неспремни и инфериорни во однос на нашите противници. Можевме да одиграме само 15-20 минути, но во никој случај цели 40 минути –вели Милкова.


Женската кошарака е падната на ниско ниво а сето тоа е одраз на состојбите во македонските клубови. Во градовите низ Македонија, слаб односно никаков е интересот на бизнис секторот за вложување во клубовите, години наназад нема посериозни вложувања, а ретко кој клуб може да излезе со годишен план во кој ќе може да ја помине цела сезона.

Женската кошарка на ова ниво е во изминатите неколку години и се надевам дека ќе се направи исчекор наредната година што во најголема мера зависи од федерацијата. Во секоја една генерација има талентирани и добри кошаркарки кои се квалитетни и може да се носат со европските репрезентативки, но мора посериозно да се работи во клубовите за да не се испуштатаат тие таленти – смета македонскиот селектор.


Селекцијата до 20 години е единствената женска која се натпреварува, Милкова вели дека во разговорите со челните луѓе од федерацијата и е кажано дека имаат во план да се оформи женска репрезентација која ќе започне да се натпреварува во наредната сезона.

Милкова која сеуште професионално игра кошарка потпиша нов договор со грчкиот Паниониос каде ќе одигра една сезона, а тек потоа ќе размислува за селекторската позција.

М.П.