Фудбалерот на Манчестер Сити, Џејмс Милнер е прва трансфер мета на тимот од Енфилд во зимскиот преоден рок


Во 29-годишниот фудбалер менаџерот на „црвените“ Брендан Роџрес гледа решение за средината на теренот откако капитенот Стивен Џерард објави дека ќе го напушти Ливерпул по завршување на сезоната.

Милнер во Манчестер Сити се пресели од Астон Вила 2010 година, а од тогаш дресот на „граѓаните“ го носеше 170 пати.

Исто така неколку години Милнер е стандарден во англиската репрезентација, има одиграно 59 натпреваи зачинати со еден погодок.

Мх.П.