Српскиот интернационалец Милош Теодосиќ кариерата ќе ја продолжи во НБА лигата, откако потпиша двогодишна соработка со тимот на Лос Анџелес Клиперс.

Теодосиќ во двете сезони помеѓу „клиперси“ ќе заработи 12.3 милиони долари, но пред себе ќе има тешка задача да го замени Крис Пол кој премина во Хјустон.

Репрезентативецот на Србија годинава наполни 30 години и во најзрелите години ќе отпаува во најдобрата кошаркарска лига во светот.

Теодосиќ своите квалитети ги потврди и во Европа носејќи ги дресовите на Олимпијакос и ЦСКА Москва. Кариерата бекот ја започна во ФМП Железник, а во Србија играште уште во Борац од Чачак.

OhridNews