Заменик на мисијата ќе биде претставникот од САД, Доналд Бисон, мисијата ќе биде составена од аналитичари од Полска, Србија, Ерменија и Италија.
Парламентарните избори во Белорусија закажани се за 23-ти септември, а мисијата на ОБСЕ се очекува да пристигне во Минск на 21 август.
Белорускиот претседател Александар Лукашенко во јуни, кога ги распиша изборите за 23-ти септември, порача дека властите нема да прифатат никакво мешање од странство, но оти ќе бидат поканети меѓународни набљудувачи.
Ова ќе бидат први избори по претседателските одржани пред две години на кој победи Лукашенко, што предизвика бран протести и затворање на опозициските лидери.
извор:Makfaks