Носителот на листата на ИЕ 5 на коалицијата “За подобра Македонија“, Антонио Милошоски, вчера престојуваше во посета на Охрид и оствари повеќе средби со граѓаните. Милошоски непосредно разговараше со нив, сослушувајќи ги нивните проблеми и запознавајќи ги со плановите и можностите на новата влада за нивно подобро решавање, соопшти коалицијата „За подобра Македонија“.
Во блиски и пријатни контакти, пазарџиите го понудија г-динот Милошоски со еколошки земјоделски производи, а воедно добија ветување дека и понатаму ќе се зголемува финансиската поддршка на земјоделството во вид на субвенции и дека никој повеќе нема да може да го потценува трудот на земјоделците.Милошоски го посети и Европскиот универзитет, каде пред студентите, уште еднаш ги промовираше досегашните достигнувања во образованието и мноштвото насоки за понатамошно модернизирање и усовршување, со што ќе се изгради поефикасен проевропски образовен систем.
Милошоски на средба со студентите во Европскиот универзитет
Во насока на искористување на огромните потенцијали во туризмот и неговото поставување на вистинското место во економијата, оваа влада пристапи кон изработка на Национална стратегија за туризмот за периодот 2008-2012 година, изјави Милошоски на трибината посветена на развојот на туризмот што вчера се одржа во х. Ривиера. Притоа Милошоски најави основање на Национална туристичка агенција, која ќе овозможи градење на ефективна мрежа на туристички информации, постојано збогатување на туристичката понуда, изработка на Мастер-план на туризмот во Македонија, како и промовирање на можностите за инвестирање во капацитети во рамките на постојната и во нова туристичка инфраструктура, а во таа насока ќе продолжи привлекување на инвеститори за хотели и други туристички објекти во Охрид, рече тој.
Охридската компанија ЛТХ Леарница меѓу единаесетте компании од државава кои се закитија со признанијата „Македонски квалитет 2025“ доделени од Сојузот на Стопански комори на Македонија Станува збор...
Охридскиот кафе бар „SU“ во конкуренција со кафе барови од целиот свет на престижниот избор „The Worlds 100 best coffee shops“ во склоп на Мадридскиот кафе-фестивал Ни пристигна одлична вест од Мад...
Изработката на новиот просторен план на Македонија треба да ги даде насоките за просторниот развој на државата со што ќе се овозможат бенефити за целокупното општество Планот кој го изработува Аген...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.