Познати се носителите на кандидатските листи на ВМРО ДПМНЕ во шесте изборни единици.

Претседателот на партијата Никола Груевски, ќе ја предводи листата во првата изборна единица, министерот за надворешни работи Никола Попоски, ќе биде носител во втората, а Илија Димовски во третата изборна единица. Министерот за здравство Никола Тодоров ја предводи листата во четворката, а во 5-та изборна единица во која спаѓа Охрид, повторно носител на кандидатската листа е Антонио Милошоски. Во 6-та изборна единица носител на кандидатската листа е пратеникот Влатко Ѓорчев.

И покрај тоа што ВМРО ДПМНЕ достави кандидатски листи, тоа не значи дека ќе има избори на 5-ти јуни, дотолку повеќе што СДСМ, ДУИ и ДПА и официјално потврдија дека нема да учествуваат на предвремените избори.

Покрај ВМРО ДПМНЕ, единствено кандидатски листи до ДИК во законскиот рок кој истече на полноќ доставија уште Народното движење за Македонија на Јанко Бачев, и Социјалдемократската партија на Македонија на Бранко Јаневски.

OhridNews