Голем дел од медиумите во Македонија не го поминаа тестот за избалансирано и непристрасно известување за време на предвремените парламентарни избори кои се одржаа на 5. јуни, покажува финалниот извештај на медиумскиот мониторинг спроведен од Македонскиот институт за медиуми (МИМ).

Институтот согледал, дека голем дел од медиумите во изборната кампања известувале неизбалансирано и пристрасно, со употреба на негативен и позитивен тон при известувањето за одредена политичка партија.

Во текот на предизборната кампања Институтот забележал примери на злоупотреба на медиумот за пресметка со личности и со колеги-новинари со што беше нарушен принципот за чување на угледот и достоинството на новинарската професија.

Препорака до медиумите се однесува на тоа дека критикувањето на власта и воопшто на политичките актери е оправдано од аспект на обезбедување на јавно добро, но новинарите треба да ги пренесуваат фактите и вестите на начин со кои ќе и дозволат на публиката сама да донесе заклучоци.

Мониторингот е направен во периодот од 23. мај до 5. јуни врз 13 медиуми, односно седум телевизии и шест дневни весници.

OhridNews
извор: Makfaks