Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на животните, спроведоа минатата година официјалните ветеринари и инспекторите за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство – АХВ. Изречени биле парични казни од 618 илјади евра

Покрај домашниот промет, предмет на контролите беа и производството, дистрибуцијата, угостителството, но и увозот и извозот. Акцент со контролите беше ставен на имплементирањето и одржувањето на процедурите на добра хигиенска и добра производствена пракса и НАССР системот за безбеднсот на храната, како и соодветното означување на храната, мониторинг на храната од домашното производство и од увоз, здравствената заштита и благосостојба на животните, информира АХВ.

 

Контролите на операторите со хранасе вршеле според ризикот, при што категоризираните објекти со висок ризик биле почесто контролирани.

Во 2025 година од вкупниот број, реализирани се вкупно 47 200 контроли во внатрешниот промет, во рамки на редовните и вонредните инспекциски надзори, при што беа издадени 5 406 решенија, поднесени 10 прекршочни пријави, изречени беа 1 073 прекршочни платни налози со вкупна вредност од 618.010 евра во денарска противвредност. Поднесени беа и 8 кривични пријави, сите од областа на здравствената заштита и благосостојбата на животните, соопшти АХВ.

OhridNews