Минатата година била лоша за 4.330 фирми во државава, чии сопственици барајќи излез, се определиле за катанец. Од нив во Охрид згаснале 147 фирми, додека во Струга  154.

Меѓутоа, во споредба со двете години пред тоа, 2023 и не била до толку критична, секако, доколку се цени според згаснатите фирми. Па, од податоците на БизнисМрежа.мк може да се согледа линијата на пад. Во 2021 биле затворени 6.993, а во 2022 – 6.857 фирми.

Како што најмногу фирми се отвораат во Скопје, така и најмногу од затворените имале адреса во главниот град, покажуваат податоците што ги анализираше порталот „Пари“. Исто така, логично е и тоа што меѓу згаснатите доминантно е учеството на трговските фирми, затоа што се смета дека таа дејност овозможува солидна и брза заработка.

На топ 5 листата се истите градови кои фигурирале и во 2022, со тоа што на четвртата и петата позиција има промена – лани редоследот бил Гостивар, па Куманово, а преклани обратно. Но, значајно е што бројките се пониски. Битола загубила 263 фирми, додека во Тетово клучот бил решение за 248 фирми. Во Гостивар состојбата е 198 затворени фирми, а на петото место од оваа неславна листа е Куманово со затворени 182 фирми (340 во 2022).

Со повеќе од сто згаснати фирми во текот на минатата година се и Прилеп – 174, Струмица – 133 и Велес – 110.

Целата анализа е достапна на ЛИНКОТ.

OhridNews

извор. Пари.мк