Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди во текот на минатата недела изврши контрола на наплатните рампи “Глумово“, “Отовица“ и “Петровец“, а со цел откривање на злоупотребата на службени легитимации и минување на наплатните станици на вработени на МВР со приватни возила, без притоа да бидат подмирени трошоците согласно Законот за јавни патишта.

Во акцијата, во која беа вклучени полициски службеници, како и претставници од Државниот инспекторат за транспорт , на контролираните насплатни станици без да платат патарина минале 27 возила, при што било констатирано дека меѓу возачите кои не платиле задолжителна патарина ниту еден не бил вработен во МВР.

На сите возачи кои ги минаале наплатните станици без да платат патарина, им бил издаден налог за наплата на глоба за сторени прекршоци според  Законот за јавни патишта.

Инаку, во првите шест месеци од годинава, СВКПС во координација со Државниот инспекторат за транспорт изврши шест контроли на наплатни станици со цел откривање на злоупотреба на службените легитимации и поминување на наплатни станици на вработени во МВР, без при тоа да бидат подмирени трошоците согласно Законот за јавни патишта. За време на контролата без да платат патарина поминале 103 граѓани од кои девет вработени во МВР на кои покрај платениот налог за наплата на глоба од страна на СВКПС е изречена задолжителна мерка против истите да биде поднесен  предлог  за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина до надлежната Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност.

OhridNews