
Бизнисменот Минчо Јорданов во 1998 година со свои средства целосно ја донираше изградбата на спомен-куќата на истакнатиот книжевен преродбеник, Григор Прличев, по кого Охрид е препознатлив. Со таа донација, со тоа свое меценство како израз на љубовта кон современиот духовен живот на Охрид, Јорданов овозможи градот истовремено да се оддолжи кон својот ловороносец, а од друга страна да се стекне со пријатно катче каде што се одржуваат бројни манифестации од областа на културата, велат од локалната саљмоуправа.












