На 5ти и 6ти август пред Хотел Нова Ривиера ќе ќе се одржи мини „изложба“ на автомобили како најава за 3-то издание на „Night Car Show“ што го организира „Urban Street Car Club Ohrid“.
Настаните пред хотел Нова Ривиера што ќе го најават „Night Car Show“ на 5ти и 6ти авгист, ќе се одржат во периодот од 16:00 до 01:00 часот.
Главниот настан е на 9-ти август на просторот на некогашната касарна во Охрид од 19:00 до 01:00 часот. Освен изложба на автомобили, предвидена е и богата забавна програма.
Г.М.