Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јули 2011 година, во споредба со јуни 2011 година, е зголемен за 0.2%.
Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.2%, Алкохолни пијалаци за 0.9% и Безалкохолни пијалаци за 0.7%.
Индексот на цените на угостителските услуги во јули 2011 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 1.1%.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари-јули 2011 година, во однос на истиот период од претходната година, е намален за 0.7%, додека во однос на декември 2010 година е намален за 1.0%.











