Одличен пријателски натпревар одигра екипата на ГРК Охрид во Шабац со екипата на РК Црвена Ѕвезда.

Полувремето му припадна на ГРК Охрид со резултат 18:14, додека натпреварот заврши со минимална победа на РК Црвена Ѕвезда (34:35).

Најдобри поединци во тимот на Гладијаторите беа Гал Цирар со 7 погодоци, Бојаниќ со 6, како и Каракоч и Дрогришки со по 5 погодоци, информираат од клубот.

Екипата на ГРК Охрид во Шабац е до 26 јануари на зимските подготовки кои се во полн ек. Покрај со  екипата на Црвена Ѕвезда, предвидени се контролни натпревари и со екипите на Металопластика и Партизан.

 

OhridNews