Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз 1-0 од Шведска на пријателскиот натпревар кој се одигра во Малме.


Од многуте шанси кои ги направија “викинзите“ пред голот на македонската селекција искористија само една и тоа финишот од првиот дел кога Качаниклиќ погоди по асистенцијата на Ибрахимовиќ.


Следниот контролен натпревар “рисовите“ го играат на 11 јуни кога гостински терен ќе се сретнат со селекцијата на Норвешка.

Мх.П.
Фото : “Екипа.мк“