Македонската фудбалска репрезентација до 18 години претрпе минимален пораз од соодветната селекција на Црна Гора со 1:0, во пријателски натпревар што се одигра изминатиот викенд во Охрид.
По првото полувреме резултатот беше 0:0, а единствениот гол на натпреварот беше постигнат во 71. минута, кога Илјазовски несреќно си постигна автогол.
Двете селекции ќе одиграат уште еден контролен натпревар во вторник, со почеток во 11:00 часот, кога младите македонски фудбалери ќе имаат нова можност за надигрување и подобар резултат.
OhridNews












