Ракометарите на Струга минимално со 23-22 (12-6) го совладаа Охрид во “езерската“ пресметка во Првата ракометна лига. “Гладијаторите“ го претрпеа петтиот пораз сезонава сите на гостински терен.


Охриѓани одржуваа резултатска рамнотежа во првите петнаесет минути кога беше изедначено 4-4, а потоа почна доминацијата на домаќините кои со серија погодоци направија двојна предност.


Во вториот дел притисна, успеаа да стигнат до минус еден негатива, но времето беше против нив и стружани славеа победа. Во составот на Струга, со осум голови најпрецизен беше Угреновиќ, по пет постигна Тасевски и Велески.


Нападот на охриѓани го предводеше Андоновски со шест погодоци, сите во вториот дел. Томоски стигна до пет погодоци, а Николоски и Трифуноски четири.  Голем пех за охриѓани беше повредата Трифуноски, на почетокот од вториот дел.


“Гладијаторите“ во наредната 17-та рунда од првата машка ракометна лига ќе се сретнат со директниот конкурент  за втората позиција Зомимак.

Ohridnews