Охрид претпре мининален пораз од Металург со 2-1 во пријателската тест средба одигра на “Билјанини Извори“.

Мрежите мируваа во првиот дел во кој “белите“ имаа неколку можности да го отворат резултатот, но Толески и Клечкароски не успеаа да го совладаат младинскиот репрезентативец на голот Ефремов.

Казната за нереализраните шанси во вториот дел стигна преку Илијоски, додека неколку минути подоцна Кралевски со глава со дуплираше водвството.  Во финишот на мечот најискусниот во тимот на Охрид, Нически со удар од дваесетина метри го намали резултатот и го постави конечните 2-1.

За Металург ова беше последниот тест на подготовките во Охрид.

М.П.