Охрид претрпе мининален пораз 1-0 од 11 Октомври во Прилеп во дербито на колото. Мечот кој се одигра пред три илјади гледачи на “Гоце Делчев“ стадионот го одлучи Ацески во 43 минута.


По центарушутот на Рутески од работ на шеснаестникот долниот дел од мрежата на солидниот Карамачоски го погоди играчот за врска Ацески, што се покажа како одлучувачки момент на средбата.

“Рибарите“ настојуваа да стигнат до изедначување, а најубавата прилика ја имаа во 75 минута. Офанзивниот Ѓорески продре од левата страна, одигра повратна за Дејкоски кој од работ на голманскиот простор непречен од никого биеше над голот.

Во 80 минута домаќините се израдуваа на погодок на Димитровски кој поради недозволена офсајд позиција беше поништен, а во самиот финиш на мечот  охриѓани останаа со играч помалку по исклучувањето на Велески.

OhridNews