Екипата на Охрид 2004 претрпе минимален пораз во 14-та рунда од првата македонска фудбалска лига на гостувањето во Кратово со 1-0. Човек на одлука беше фудбалерот за врска на домаќините, Насевски кој погоди во првиот дел. Во финишот на мечот охриѓани не ја искористија бројчаната предност на теренот, откако Јовановиќ заработи втор жолт картон и го забележаа петтиот пораз во прволигашката конкуренција.


Избраниците на Антиќ со четвртиот пораз на гостувањата го загубија четвртото место додека кратовчани со 22 бодови се зацврстија во горниот дел од табелата.

Во наредното 15-коло кое се игра во вторник “рибарите“ пред своите гледачи ја пречекуваат Брегалница.

Мх.П