Минимален триумф од 1-0 на Металург над домаќинот Охрид извојуван на тешкиот тежок за игра, кој не им дозволуваше на актерите на мечот да се разиграат и да покажат што умеат. Стрелец на единствениот гол во првиот дел беше Чурлинов. 

 Добро се истрчавме, најважно во овој период е Добро да се подготовиме , а головите допрва ќе пристигнуваат  -рече Чурлинов кој заздравува од повредата на вратот, која го оддалечи неколку дена од стројот.
Клечкароски кај домаќините ја имаше најзрелата можност за изедначување, но неговиот удар го одбрани Ефремов, додека Нестороски на спротивната страна ја имаше најизгледната можност, а беше за малку непрецизен.

 За “зелените“ ова е втор триумф на подготовките во Охрид, по оној убедливиот над Дрита со 8-1. “Железарците“ покрај Охридското езеро остануваат до четврток, а наредниот тест меч им е предвиден во среда против 11 Октомври.
По победничкиот старт “белите“ го претпреа вториот последователен пораз во подготвителниот период.
фото Емилио
М.П.