Напредок ја доби прволигашката пресметка со Силекс , минимално 1-0 со погодок во вториот дел. Натпреварот помина во висок ритам, а на моменти во желбата да се избори место меѓу стартерите пристуна беше и нервозата кај актерите.


Кичевци до првиот триумф во предсезоната стигна со погодокот на Силјаноски. Во првиот натпревар претрпеа пораз од Охрид Лоте со 2-1.

Силекс и Напредок ќе одиграат уште неколку пријателски средби со српските екипи кои се на подготовки во Охрид.

М.П.