Фудбалерите на Волфзбург обезбедија минимална предност (1-0) во првиот меч со Ајнтрахт Браушвајнг во баражот за опстанок во Бундес лигата.

„Волците“ до победата стигнаа со дискутабилен пенал, кој во гол го претвори Марио Гомез. Гостите бурно реагираа во текот и на мечот и по завршувањето, но попусто.

Реваншот се игра на 29 мај на теренот од Ајнтрахт Брауншвајнг. 

OhridNews