Италијанскиот калчолигаш Рома ја забележа првата победа во фазата по групи во Лигата на Шампиони, откако со минимални 2-1 го совлада тимот на Карабах.
„Волчицата“ иако имаше водство од 2-0 со головите во првите 15-ет минути на Манолас и Џеко трепереше за победата. Домаќините намалија на 2-1 во 30-та минута и констатно напаѓаа за втор кој ќе им донесеше реми.
Римјаните издржаа и го запишаа четвртиот бод во групата после ремито со Атлетико Мадрид на домашен терен во првата рунда.
OhridNews