Фудбалерите на Барселона зачекорија кон 1/2 финалето во Купот на Шпанија, откако во првиот меч од четвртфиналето на Аноета славеше мининално 1-0 над Реал Сосиедад.
Минималната победа за каталонците е капитална, бидејќи реванш мечот од четвртфиналето за недела дена го играат на Ноу Камп.
Стрелец на победничкиот погодок за Барселона беше Бразилецот, Нејмар во 21-та минута од белата точка.
Победа вредна пласман во следната фаза најверојатно забележа и Атлетико Мадрид кој славеше со 3-0 над Еибар на домашен терен.
OhridNews