Екипите на Пари Сент Жермен и Бенфика обезбедија минимална предност по првите осминафинални мечеви во Лигата на Шампиони победувајќи ги Челси (2-1) односно Зенит (1-0).


Лондонските сини и со „крпен состав“ одлично им се спротиставија на „дрим тимот“ на ПСЖ. „Светците“ благодарание на Едисон Кавани кој влезе од клупата во вториот дел стекнаа минимална, но опасна предност пред реванш натпреварот на Стемфорд Бриџ. Претходно за домаќините погоди Ибрахимовиќ, а резултатот го изедначи Џон Оби Микел.

 
Португалскиот преставник во ЛШ, Бенфика со погодокот во Џонас во 91-та минута го скрши оптпорот на рускиот шампион. Пред победничкиот погодок на домаќините гостите од Санкт Петерзбург останаа со фудбалер помалку откако Кришито заработи два жолти картони.

 
Реванш мечевите од овие осминафинални двојки се играат за две седмици односно на 2 март.

Мх.П.